👁️  5

– Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ го коментираше неговото враќање во Интер. Фудбалерот ќе игра за миланскиот клуб како позајмен од Болоња.

– Јас сум многу среќен. За мене е голема чест што повторно ќе играм за Интер. Започнав тука пред 13 години и повеќе бев навивач отколку играч, но сега сум тука да му помогнам на тимот да освои нешто, изјави Арнаутовиќ, за „Football Italia“.

Фудбалерот одговори и на прашањето што му се променило во животот откако последен пат играше за Интер.

– Многу. Пред 13 години не се концентрирав баш на фудбалот, но сега е сосема поинаку. Имам семејство, и се е сосема мирно. И јас пораснав во Италија како личност. Се надевам дека се ќе биде добро. Физички, јас сум силен и дојдов тука да постигнувам голови, додаде напаѓачот.

Арнаутовиќ во сезоната 2009/10 одигра три натпревари за Интер. Таа година тимот освои тројната круна.