Шумските пожари повторно го пустошат Арктичкиот круг, соопшти Службата за мониторинг за климатски промени на ЕУ – Коперник, пренесува Би-Би-Си.
Ова е третпат во последните пет години кога високоинтензивни пожари го зафаќаат регионот.
Повисоките температури на воздухот и посувите услови во Саха, Русија создаваат идеални услови за шумски пожари кои доволно е да се потпалат и со една искра, стои во објавеното соопштение од Службата за мониторинг на климатски промени Коперник.
Цитиран од руската државна новинска агенција ТАСС, заменик-министерот за екологија, управување и шумарство на регионот изјави дека повеќе од 160 шумски пожари зафатиле речиси 460.000 хектари земјиште до 24 јуни.
Научниците се загрижени дека чадот од пламенот ќе ја наруши способноста на арктичкиот мраз да одбива сончево зрачење – што значи дека и земјата и морето ќе апсорбираат повеќе топлина.
Професорка Гаил Вајтман од Универзитетот Ексетер изјави за Би-би-си дека арктичкиот регион е нулта точка за климатските промени.
– Зголемените пожари во Сибир се јасен знак за предупредување дека овој есенцијален систем се приближува кон опасни климатски точки на прекинување, рече таа.
– Она што се случува во Арктикот не останува таму, додаде таа, велејќи дека овие пожари се предупредувачки извик за итни акции.
Професор Гиљермо Реин, професор по пожарна наука на Империјал Колеџ Лондон, ги нарече пожарите растечко чудовиште на климатските промени.
– Пред една деценија, шумските пожари во Арктикот беа сметани за ретки настани, скоро никогаш не проучувани. Сега се случуваат во сите летни сезони и со зголемена површина на подрачја зафатени од пламенот, изјави тој за Би-би-си.
Како што климатските промени ги зголемуваат температурите во Арктикот, шумските пожари се поместуваат на север каде горат низ боровите шуми и тундрата, ослободувајќи огромни количини на стакленички гасови од органски почви богати со јаглерод.
„Лудиот“ план за спасување на арктичкиот морски мраз
Според проценките од наодите на Службата за мониторинг за климатски промени на ЕУ – Коперник, емисиите на јаглерод од шумските пожари во текот на јуни беа на трето место највисоки во последните две децении со 6,8 мегатони јаглерод – стоејќи зад пожарите во 2020 и 2019 година.
Емисиите на јаглерод во тие години беа 16,3 и 13,8 мегатони, соодветно.
Марк Парингтон, стар научник во CAMS, изјави дека условите кои водат до последниот бран пожари беа слични на оние присутни за време на пожарите во 2019 и 2020 година.
Во 2021 година, шумските пожари исто така го зафатија Саха, но беа помалку интензивни од пожарите во 2020 и 2019 година.
Одделно, арктичкиот морски мраз брзо се намалува од 1980-тите.
М.П.
ФОТО: Би-Би-Си