👁️  124

Домот на АРМ во Скопје пред неколку дена бил ограбен, иако се наоѓа во строгиот центар на градот, под обезбедување на чуварска служба составена од војници, објави „Телма“, наведувајќи дека крадците влегле преку терасата на објектот.

Според информациите на телевизијата, биле украдени повеќе работи од ресторанот кој се наоѓа на вториот кат. Однесен бил телевизорот од салата, вредниот професионален кафемат, но и други работи.

Од МВР ја потврдиле кражбата и велат дека сѐ уште водат истрага.

-На 16.10.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Македонија“ во Дом на АРМ од страна на непознати сторители насилно била отворена вратата од терасата, било влезено внатре и извршено било претурање во просторија во ресторанот. Се работи на расчистување на случајот, одговорија од МВР.