👁️  481

-80% од инфлацијата моментално доаѓа од увозот на храна и енергенси. Само за пример храна оваа година ќе увеземе за 700 милиони евра. Што е апсолутен дебакл на нашата 30 годишна самостојност, со потрошени над една милијарда субвенции без конкретна додадена вредност и без стратешка национална свест и визија, наведува во своето јавно обраќање претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Тој оценува дека претстојната недела е недела „Д“ за спас на македонската економија, предлага „Стоп“ за партиската агенда во државата, а оценува и дека е потребен нов рамковен договор за спас на економијата и потенцира на нефункционирањето на правната држава.