👁️  110

Тимот е наречен XDG – Exploratory Design Group и наводно функционира со уште построги правила за тајност од веќе карактеристичните за компанијата.

Марк Гурман од Blomberg, во својот најнов билтен кој го испраќа преку имејл, пишува за Exploratory Design Group или на кратко XDG, посебен тим во Apple кој работи на развој на технологии за идни производи.

Специфично за XDG тимот е што функционира со уште построги правила за тајност од остатокот од компанијата, нешто по кое се и познати од Apple.

Гурман типот го нарекува „стартап“ во рамките на компанијата и е составен од само неколку стотици луѓе, за разлика од другите тимови кои работат на развој на Apple Car и слично.

XDG тимот стои зад развојот на технологијата за “мерење на гликозата во крвта” за која исто така Гурман пишуваше изминатите денови. Оваа технологија се планира да биде вградена во Apple Watch во наредните неколку години, а наводно оваа година е постигнат поголем напредок.

Други технологии на кои работат од тимот вклучуваат и технологија за екрани од наредната генерација, вештачка интелигенција, изменета и виртуелна реалност и слично.