👁️  33

Освен во Обвинителство, по вистината за скандалот на Онколигија ќе се трага и во Собрание.

Сегашни и екс министри и директори, како Нино Васев и Нехат Нухи, Венко Филипче и Беким Сали, се само дел од оние вршители на должност и функционери од 2020 наваму кои пред собраниската анкетна комисија што почнува со работа од утре ќе реферираат пред пратениците со цел да се утврди политичка одговорност, потврдува Рашела Мизрахи која ќе претседава со комисијата.

Според Мизрахи клучно во работата на анкетната комисија е тоа што евентуалното утврдување на политичка, повлекува и кривична одговорност пред законот. Затоа оваа комисија ќе соработува со органите на прогонот.

Во меѓувреме, на Онкологија повторно се случува по неколку дена да нема терапија за сите пациенти, а според тврдењата на Директорката на Клиниката не станувало збор за никава злоупотреба, туку на тоа што терапии се даваат на тројно повеќе пациенти отколку што е планирано.

Од Министерството за здравство на прашањата кој е планот да се надмине проблемот и дали се штеди на грбот на најтешко болните одговори до почетокот на вестите, не добивме….