👁️  229

Гласачите во САД сметаат дека кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, е подобар кандидат кога станува збор за економијата, но сметаат дека кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, е подобар кандидат кога станува збор за зачувување на демократијата.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос покажа дека двата клучни проблема за гласачите во САД се состојбата на демократијата и економијата, при што 47 отсто од анкетираните веруваат дека Трамп е подобар избор за справување со тој проблем, додека 37 отсто од нив се со став дека Бајден е подобар.

Кога станува збор за прашањето за имиграцијата, 44 отсто од анкетираните сметаат дека Трамп е подобар избор, додека 31 отсто од нив сметаат дека Бајден е подобар.

Трамп исто така се смета за подобар кандидат за прашањето за надворешни конфликти и тероризам со 40 отсто спрема 35, но Бајден е подобар кандидат кога станува збор за одговор на екстремизмот и заканите по демократијата, со 39 отсто наспроти 33, што според испитаниците е втор најголем проблем во САД.

Бајден води и кога станува збор за здравствената заштита, 40 отсто наспроти 29.

Фото: МИА архива