👁️  47

Ажурирање на дигиталната алатка „Балансер“ со податоците од пописот од 2021 година користејќи го само резидентното население, испорачување на повеќе од 80 нови дигитални алатки за граѓаните и компаниите со што порталот услуги.гов.мк бележи раст од 56 отсто во користењето на постоечките услуги од страна на граѓаните и откочување на физибилити студијата за воспоставување Национална транспортна оптичка мрежа, проект вреден 400.000 евра која ќе биде основа за унпаредување на покриеноста со широкопојасен интеренет, се меѓу постигнувањата на Министерството за дигитална трансформација во првите 100 од својата работа.

Минситерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на прес-конференцијата што ја одржа во новите простории што ги имаат добиено од Владата, во зградата на Министерството за односи меѓу заедниците, поранешното Министерство за политички систем и односи со заедниците, ги наброја и потпишаниот грант со ЕУ од 1,3 милиони евра за формирање Национален центар за побезбеден интернет, како клучен чекор за заштита на децата на интернет, како и активностите на сајбер безбедноста.

-Интензивно се работи на развој на Националната стратегија за сајбер безбедност и заштита на критичната инфраструктура која очекуваме да биде донесена до карјот на оваа есен. Формиравме работна група која ќе го изработи првиот Закон за сајбер безбедност, кој ќе биде исто така предложен во Собранието до крајот на есента. Откако ќе биде донесена Стратегијата ќе пристапиме кон процес на формирање на два клучни центри за одговор на сајбер инциденти – еден фокусиран на јавниот и приватниот сектор, а другиот специјално наменет за владината мрежа. Очекуваме овие центри да бидат целосно функционални во текот на 2025 година, рече Андоновски.

Во делот на затекнатите состојби министерот укажа дека по однос на финансиски обврски МДТ се соочува со огормни финансиски предизвици со вкупна сума од над една милијарда денари, кои произлегуваат од тужба во судска постапка за банкарска гаранција, тужба од поранешни вработени за неисплатени придонеси и тужба од АВМУ и МРТВ, потоа со блокирани проекти од витално значење, катастрофални просторни услови и возен парк, неадекватни системи за одржување на ИТ инфраструктурата и застарена законска регулатива која, вели, не е променета последните пет години.

-Последното усогласување на нашето ИТ законодавство со она на ЕУ било во 2019 година, 140 закони не се усогласени со законите за дигитализација, не постои важечка ИТ стратегија која би ни дала насока за развој на дигиталниот сектор, а последната краткорочна стартегија е истечена во 2017 година, вели меѓу другото министерот Андоновски.

За наредниот период како проект од посебно значење тој го издвои аплицирањето на програмата на ЕУ која ќе ни овозможи да развиваме мобилна апликација за административни услуги. Станува збор за проектот наречен Supper App ELI, со вредност од 1,2 милиони евра, кој е дел од иницијативата Дигитална Европа, која има фонд од 7,5 милијарди евра. Ќе се работи во партнерство со украинското Министерство за дигитална трансформација и реномираниот Lisbon Council, кој треба да овозможи пристап до широк спектар на државни услуги директно преку мобилниот телефон.

-Во рамките на овој проект работиме на воведување на дигитална верзија на лични карти и возачки дозволи, познати како ID Wallet, кои претсвауваат револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услуги, вели Андоновски.

Андоновски најави и дека Министерството работи на целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk.

-Свесни дека постоечкиот изглед на порталот за е-услуги не ги исполнува целосно потребите на граѓаните, се зафативме за сериозни подобрувања на порталот. За кратко време ќе имаме обновен портал за услуги со изглед кој е поинтуитивен и полесен за користење, кој ќе понуди нови функционалности и пристапност за лицата со попреченост и нови услуги и ќе се осигураме дека тие одговараат на реалните потреби на граѓаните. Веруваме дека со овие подобрувања, ќе создадеме портал кој навистина ќе ги задоволува потребите на нашите граѓани и ќе прерасне во едноставна и единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите, потенцираше Андоновски.

Во своето излагање, министерот Андоновски најави и 100 нови електронски услуги во 2025 година, достапни на порталот за услуги.

-Секоја од овие услуги ќе биде базирана на анкетата која ја спроведовме со приватниот сектор, но и анализите кои произлегуваат од институциите. Овие нови услуги ќе опфаќаат широк спектар на области, од административни процедури во МВР, до услуги од ПИОМ, Министерство за правда, итн, вели министерот задолжен за дигиталната трансформација.

Со воведувањето на новите услуги, од МДТ се очекува значително да се зголеми бројот на активни корисници на порталот и да се подобри ефикасноста на државната администрација.

-На овој начин создаваме единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите. Ова е иднината на дигиталната трансформација во нашата земја, заклучи Андоновски.

На новинарско прашање тој потврди дека не е доволна искористеноста на електронските услуги, а голем проблем кој го нотира и Државниот завод за ревизија дека тоа потекнува од непознавањето дека постои таков портал или тие услуги се достапни на јавноста, и во надминување на состојбата прво ќе се работи на редизајн на порталот за услуги, а потоа на кампања за информирање на граѓаните.

-Но прво сакавме да работиме на редизајн на порталот да го направиме полесен за употреба и второ да работиме на признавање на електронски изработените документи, а потоа да влеземе во фаза на кампања и информирање на граѓаните дека постои ваков портал, и постојат тие услуги. Затоа што фрустрацијата кај граѓаните е огромна. Вие ќе стигнете некако да извадите електронски документ, но потоа во некоја институција нема тој да ви биде прифатен дека е легален. Затоа прво работиме на редизајн на порталот за полесно да извадите услуга, нови услуги достапни на порталот прифаќање на тие услуги законски, а потоа да влеземе во информирање на граѓаните.
Затоа што не сакаме да се доведеме во ситуација да рекламираме нешто пред граѓаните што не е целосно функционално, вели Андоновски

Во однос на кадровската состојба, тој потврди дека постои репозиционирање на вработените и ќе се бара од нив развивање на нови вештини, на нови дигитални вештини, но оти ниту едне вработен нема да го загуби работно место заради просецот на дигитализација. Андоновски уверува и дека и покрај фисннаиските предизвици ќе се обезбедат средства за процесот на дигитализација.

-Пристапот до средства е комплицирано прашање, особено имајќи во вид дека се работи за развој на буџетски систем и којшто го наследуваме и долгови во сите области, во сите средини, и пожари кои горат во секоја област, па треба да се гаси еден по еден, енда по една криза која што е наследена. Но, заедно со нашите меѓународни партнери, но и со разговори, и со премиерот, и со министерот за финансии, мислам дека проектно ќе успееме да најдеме средства за овие работи коишто значат целосен редизајн, целосно нови услуги на порталот и целосна дигитална трансформација на општеството, потенцира Андоновски.

Во однос на дигиталната алатка Балансер, главната надлежност ја има рече, Министерството за јавна админстрација, а нивна задача како МДТ била дигиталната алатка да се врати на законските основи.

-Во наредниот период се надевам дека тие ќе работат на законско вообличување, правно вообличување на темелната вредност на Уставот, соодветна правична застапеност на сите етнички заедници во Македонија. Важен е тој темелен принцип на Уставот, и треба да се почитува, но треба да се најде начин како тој темелен прицнип да не биде во колизија како што беше до сега со квалитетот кон претенциите и изигрувањата на системот, што е најважно. И се надевам дека ќе успее да се најде во Министерството за јавна админстрција одогвор на овие дилеми и низ една дебата да постигнеме решение со кое што сите ќе бидат задоволни. Наша задача беше дигиталната алатка да ја вратиме на законските основи, а се понатаму претставува владин договор, а потоа и согласно и со граѓаните и со пратениците во Собранието, вели меѓу другото министерот за дигитална трансформација.

Во однос на поевтинувањето на електронските услуги, Андоновски подвлече дека е потребно прво да се зголеми нивото на нивното користење па да се размислува во таа насока, а придобивките од нивната употреба се повеќе и значат заштеда на време, на хартија и заштеда на многу средства во административните постапки преку воведување вештачлка интелигенција и машинско читање на податоците.

Фото: МИА