👁️  166

Карло Анчелоти ќе ја почне својата последна сезона во Лигата на Шампионите, ако се знае дека трофејниот стратег следното лето по истекот на договорот ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели на клупата на бразилската репрезентација.

Искусниот стручњак е свесен дека борбата за европскиот трон е исклучително тешка, па Анчелоти за главен фаворит за трофејот не гледа својот Реал, туку актуелниот европски првак Манчестер Сити.

„Сити е фаворит број еден. Англискиот гигант ја задржа речиси целата екипа со која лани ја освои титулата и дополнително се засили. Сепак, не е исто да се биде фаворит и да се триумфира на крајот, убавината на Лигата на Шампионите е токму во тие изненадувања во нокаут фазата. Ние дефинитивно нема да се предадеме, одиме чекор по чекор, најпрвин да ја минеме групата, па осминафиналето, четвртфиналето… желба ни е да играме во големото финале и да го освоиме трофејот“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид во првото коло утре ќе се сретне со Унион Берлин, меч за кој нема да може да смета на десниот бек Карвахал.