👁️  47

Џуд Белингем е играч од средниот ред кој е супер ефикасен за Реал Мадрид на стартот од сезоната. Многу од неговите голови беа и одлучувачки. Белингем постигна гол и вечерва против Наполи, а Анчелоти по мечот не штедеше пофалби за него.

„Тоа што ме изненадува кај Белингем е дека тој има 20 години. Тој има многу квалитет и е неверојатно зрел и има голем карактер за негова возраст. Тоа е тоа што кај него ме изненадува најмногу“, рече Анчелоти.