👁️  131

Американски товарен брод е погоден со ракета во Црвеното Море кај брегот на Јемен. Британската компанија за поморска безбедност „Амбри“ информира дека бродот е погоден со проектил од воздух.

Според нив, „бродот е гаѓан како одговор на американските воени удари врз позиии на Хутите во Јемен“.

„Амбри“ соопшти дека избил пожар на бродот кој пловел под знамето на Маршалските Острови, но способен е за пловидба и оти во нападот нема повредени. Од таму додаваат дека бродот не е поврзан со Израел.

Безбедносната агенција на Обединетото Кралство за поморски трговски операции претходно соопшти дека командантот на бродот пријавил дека „е погоден одозгора“ во близина на јеменскиот пристаништен град Адена на југот на Јемен.