👁️  635

Трката за Големата награда на Белгија очекувано започна со голема драма, во која во фокусот се најдоа двајца поранешни светски шампиони со големо искуство во овој спорт.

Фактот што Ферстапен и Леклер се најдоа во позадина на стартот ја осоколи конкуренцијата да нападне на почетокот, па во една таква ситуација, Хамилтон беше преагресивен и во обидот да го мине Алонсо, тој беше оној кој го извлече подебелиот крај.

Хамилтон се катапултираше од тркалото на Шпанецот и не успеа да го комплетира првиот круг, а иако Алонсо мина без проблеми, не се штедеше преку тимското радио.

Ветеранот го нападна својот некогашен тимски колега, порачувајќи дека знае да вози само кога е прв и кога стартува прв.

– Каков идиот, завтора од надворешната страна…. Имавме мега старт, но овој знае да вози само кога е прв и кога стартува прв…..