👁️  26

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу е во Талин каде што во рамки на Дигиталниот самит ќе има обраќање на панел сесијата насловена: „Дигитална безбедност на Западен Балкан“.

МИОА соопшти дека Алиу во Талин имал средба со Кеит Стриер, потпретседател на Светската иницијатива за вештачка интелигенција во Корпорацијата NVIDIA.

– Имавме продуктивна средба за тоа како да ја поттикнеме соработката помеѓу Северна Македонија и NVIDIA за различните аспекти на вештачката интелигенција. Ние, се договоривме да формираме работна група која ќе го следи развојот на националната стратегија за вештачка интелигенција, која  ќе ги истражува можностите и предизвиците на учење и неговите апликации. Да имплементираме решенија за вештачка интелигенција во јавниот сектор и да го подобриме процесот на донесување одлуки во креирање политики, да ја оптимизираме хардверската инфраструктура и процесите за воспоставување на вештачката интелигенција.  Се договоривме да ги “здружиме силите” за да аплицираме во програмата „Дигитална Европа” за подобрување на дигиталната инфраструктура и процесот на дигитализација на нашата земја, изјави Алиу.

Министерот изразил  благодарност до Страјер за вредните совети и поддршката и истакнал дека со нетрпение очекува унапредување на агендата за Вештачка интелигенција и во нашата држава. (МИА)