👁️  19

Шпанскиот репрезентативец Алекс Душебаев најверојатно ќе паузира подолго време од ракометните терени.

Тој заработи повреда на мускулот на левата нога, на натпреварот што неговиот Келце го доби против францускиот ПСЖ.

Од полскиот шампион Келце најавија дека Душебаев ќе биде надвор од терените најмалку шест недели.

Келце гостува кај Еурофарм Пелистер во Битола на 25 октомври, но на тој натпревар ќе биде без еден од најдобрите поединци.