👁️  1825

Албанската манекенка Греса Хоти се појавила без градник на престижниот филмски фестивал во Венеција.

Убавицата за која најмногу се зборувало вчера во Венеција била албанската менекенка Греса Хоти која заблескала на овој филмски фестивал во најмодерниот фустан за есен/зима 2022 година.

Оваа убавица била атракција на црвениот тепих на популарниот филмски фестивал. Во прекрасен фустан со боја на вино, модел којшто е апсолутен хит за годинава и кој претходната вечер го носела и прекрасната Русинка Ирина Шајк, Албанката успеала да направи совршен спој на елеганција и сексапил.

Фустанот на којшто не му одолеала ниту Викторија Бекам е сличен како моделот којшто таа го носела на венчавката на нејзиниот син Бруклин, прекрасно му прилегало на телото на манекенката.