Германскиот кошаркарски тим Алба Берлин, официјално објави дека нивен нов играч е поранешниот плејмејкер на Чикаго Булс, Мет Томас, кој доаѓа од редовите на Панатинаикос.

29-годишниот Американец крајот на минатата сезона го доигра во грчкиот гигант и настапи на десет натпревари, на кои просечно бележеше 8,1 поени по натпревар.


„Навистина сум среќен што сум дел од семејството на Алба. Ова за мене е голем предизвик и се надевам дека ќе се прикажам во одлично светло. Чув само убави работи за клубот од Берлин, кој има високи стандарди и секогаш работи со максимална професионалност. Едвај чекам да заиграм во новата средина“, изјави Американецот.