👁️  82

Американскиот кошаркар Стерлинг Браун е новата трансфер „бомба“ во европската кошарка. Бек-шутерот е најново засилување за екипата на Алба од Берлин, а тој во своето портфолио има богато НБА искуство.

28-годишниот Браун потпиша двегодишен договор со германскиот евролигаш и се очекува да биде големо засилување во ротацијата. Тој во својата кариера одигра скоро 300 натпревари во најсилната светска кошарка.

Во минатото настапуваше за Милвоки, Хјустон, Далас и Лос Анџелес Лејкерс. Во текот на НБА кариерата, Стерлинг Браун имаше можност да ја дели соблекувалната со Леброн Џејмс, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ, а неговиот просек изнесува 5,3 поени и 3,3 скокови по натпревар.