👁️  215

Средините училишта во Скопје повторно под закана за поставена бомба.

До редакциајта на „Фактор“ пристигна информација дека на учениците во средното училиште „Никола Карев“ им е кажано да ги напуштат училниците безбедно и да заминат подалеку од околината на училишната зграда.

Засега се уште нема официјална потврда од Министерството за внатерешни работи (МВР) за нови закани, ниту пак, до колку училишта е испратена заканувачка порака.

За потесетување, ова е трет ден како пристигнуваат заканувачки мејлови до средните училишта.

Во текот на вчерашниот ден испразнети и проверени беа девет средни училишта, додека ден претходно закани за бомби добија осум училишта.

Очекуваме и официјално соопштение од МВР до колку училишта се стигнати закани, штом пистигне ќе биде споделено со јавноста.