👁️  677

Тренерот на саудискиот Ал Наср, Руди Гарсија го искритикува Кристијано Роналдо за поразот на неговиот тим во Купот, од Ал Итихад.

Португалецот не само што не успеа да постигне гол, туку делуваше тотално загубено на теренот што и не е изненадување бидејќи ова му беше само втор натпревар во дресот на новиот клуб и се уште не е воигран со екипата. Сепак, Гарсија смета дека еден негов потег е меѓу причините за поразот.

„Една од ситуациите кои го променија курсот на мечот беше промашената шанса на Роналдо во финишот на првото полувреме“, рече Гарсија.

Во финалето, Ал Итихад ќе игра против Ал Фахја чиј член е и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.