Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека вчера имало вкупно 34 пожари во земјава, според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи (СУК). Активни пожари се уште два и тие се во општините Македонски Брод и Долнени.
Во Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, на непристапен терен под Солунска Глава гори ретка борова шума во месноста „Аргулица“. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот се уште е активен, при што е опожарена ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и било речиси невозможен пристап за лица коишто би го гаснеле пожарот од земја, а е отежнато било и за воздухоплови. Во текот на вчерашниот ден на терен биле пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод со два пожарникара и двајца вработени од ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“ од Македонски Брод.
Вториот активен пожар е во Општина Долнени, кај с.Небрегово, каде што гори мешана шума. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола, информира дека од 12:41 часот, вчера со 11 пожарникари и 2 ПП возила од Територјалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп интервенираат за гаснење на запалената шума во атар на с.Небрегово, над манастирот. Притоа бил загрозен Манастирот „Свети Јован Крстител“ и бил голем ангажманот на пожарникарите е за негова заштита од огнот.
Изгаснатите 32, од вкупно 34-те, пожари на отворено во државата биле во:
– Општина Сарај, с.Глумово (каде што горело стрниште и сува трева);
– Општина Карпош, крај ул. „Франце Прешерн“ (сува трева и дрва);
– Општина Студеничани, 2, кај с.Моране (сува трева и дрва) и кај с.Црвена Вода (мешана шума);
– Општина Чучер Сандево, покрај патут кон ц.Блаце (сува трева);
– Општина Прилеп: м.в.на месноста „Над Бараки Варош“ (сува трева);
– Општина Долнени, 2, кај с.Дебреште и кај с.Сенокос (сува трева);
– Општина Гевгелија, с.Миравци (сува трева и прнар);
– Општина Валандово, 2, кај с.Марвинци (сува трева и прнар) и кај с.Пирава (сува трева, капини, дел од лозје и овоштарник);
– Општина Кичево, 3: кај с.Осломеј, с.Зајас и кај с.Мамудовци (стрништа);
– Општина Свети Николе, 2: кај с.Амзабегово (стрниште, сува трева и трње) и во близина на река Мавровица (сува трева, трње, овоштарник и чемпреси);
– Општина Штип, 3: кај с.Калапетровци, реон во првец кон с.Кошево (дабова шума и сува трева), кај с.Селце (нискостеблеста и деградирана шума) и на месноста „Мирјанина Црква“ (сува трева);
– Општина Карбинци, с.Крупиште (стрниште и сува трева);
– Општина Пехчево, кај месноста „Крива Круша“ покрај патот Пехчево-Делчево (сува трева);
– Општина Куманово, 2, реон кај месноста „Муслимански гробишта“ и кај бензинска пумпа „Лукоил“ (сува трева);
– Општина Липково, 2, кај с.Лојане (сува трева) и кај с.Слупчане (сува трева);
– Општина Старо Нагоричане, 2, кај с.Никуљане (стрниште, сува трева и драка) и кај с.Младо Нагоричане (сува трева и отпад од пченка);
– Општина Ранковце, во реон на с.Ветуница (нискостеблеста шума, грмушки и сува трева);
– Општина Тетово, во реон на населбата „Вон Вардарска“ (сува трева);
– Општина Брвеница, с.Радиовце (стрниште и сува трева);
– Општина Гостивар, с.Турчане (сува трева) и во
– Општина Врапчиште: с.Топлица (сува трева).