👁️  1384

Косовците не сакаат враќање на српската војска на Косово. 

Ветераните на ОВК реагираа на најавите дека Србија испраќа војници на Косово и велат дека ако тоа се случи ќе има војна. 

Претседателот на Организацијата на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Фатон Клинаку, вели дека ако се вратат 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово, војната е „неизбежна“.Претходно,  директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека Белград ќе го разгледа враќањето до 1.000 припадници на безбедносните сили на Косово.

Со месеци наназад има тензии на Косово меѓу Србите и Албанците. Неодамна косовските полицајци одземаа вино од српско семејство. Србите се пожалија дека косовската полиција со возило влегла во двор на градинка во Лепосавиќ. Имаа и други поплаки, а претходно беа запалени неколку автомобили на косовски Срби.