👁️  5

Откако Нејмар се согласи на трансфер во Ал Хилал, откриена е неверојатна финансиска позадина на неговиот премин во редовите на саудискиот шампион.

Бразилецот ќе заработува 150 милиони евра нето плата на годишно ниво, но тоа не е сѐ што го очекува во склоп на двегодишниот договор.

Како што објави Foot Mercato, Нејмар на располагање ќе има приватен авион, вила со помошен персонал, а ќе инкасира и 80 илјади евра за секоја победа на неговиот тим.

Можеби најимпресивен податок е тоа што за секоја објава на социјалните мрежи на која Бразилецот ќе ја промовира Саудиска Арабија ќе добие неверојатен износ од 500 илјади евра. Така, на пример за две објави на Instagram од саудиската пустина и како пие кафе во градот Ријад, ќе „лапне“ милионче.

🚨🤑 Some of the perks Neymar will experience because of his move to Saudi Arabia:

🛩️ A private plane at his disposal
🏠 A huge house with staff
💰€80,000 bonus for every Al-Hilal win
📱 €500,000 for every post or story he puts on his social media that promotes Saudi Arabia 🇸🇦… pic.twitter.com/CjRUumqdqn

— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 14, 2023

Нејмар всушност сакаше да се врати во Барселона, но Каталонците не можеа да ги исполнат неговите барања поради големите финансиски проблеми што ги има клубот.

ПСЖ го купи Нејхмар летото 2017 од Барса со тоа што на изненадување на сите ја активираше откупната клаузула од 222 милиона евра, поради што Нејмар сѐ уште е најскапиот играч на сите времиња.

Бразилскиот ас во Ал Хилал ќе го пречекаат покрај другите и Калиду Кулибали, Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Малколм, како и новопечениот тренер Жорже Жезуш.