👁️  131

Се реализира и шестиот модул од политичката академија во Битола, со назив „Младите и Македонија во меѓународните односи“.

Предавач на овој модул беше меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, како и советник во Град Скопје, Стефан Андоновски.

Преку овој модул, младите имаа можност преку еден интерактивен и забавен начин да се запознаат со статусот на младите и Република Македонија во меѓународната политика, исто така детално се запознаа и со меѓународните организации и која е нивната улога.

Денес со почеток од 16:00 часот во хотел Премиер ќе биде седмиот, последен модул од овогодинешната политичка академија, каде младите ќе се стекнат со нови знаења за менаџмент и лидерство.