👁️  1209

Македонскиот пејач кој влезе во реалното шоу „Задруга“, Адам Лабунски го моли Големиот шеф да му ја отвори капијата за да го напушти реалното шоу, бидејќи како што вели тој не е за тоа.

Во таква ситуација дошол поради конфликтот со Урош Чертиќ за кого нема добро мислење. Како што призна Адам, не може да го издржи притисокот што го има од одредени „задругари“ и поради оваа причина сака да си оди дома.

– Не можам да го поднесам овој притисок. Сакам да си олеснам на себе и на нив. Те молам прости ми, јас сум побожен. Многу ми помогна, јас сум добар човек и добар музичар, не можам да бидам сам со овие луѓе, не можам да бидам со нив – низ солзи рекол Адам.

-Мајка ми имаше мозочен удар пред да влезам овде, а јас силно се борам, но не можам. Вие ме повикавте овде три пати и ми дадовте сатисфакција, но јас не можам! Ве молам пуштете ме. Им помагам на постарите, застанав да го бранам Лепи Мича кога го нападнаа, но не можам да го сторам тоа. Тој мене ме смируваше, бидејќи не се разбирам со овие луѓе. Се плашам за моето здравје, изгубив многу. Многу ми е поубаво со јогурт на клупа отколку со милиони во рака. Јас не можам така – рекол Адам.

– Адам, да се обидеме, не прифаќам предавање. Можеби е време да го запознаеш новиот Адам, му врати Големиот шеф.