👁️  19

Фолк пејачот Ацо Пејовиќ и неговата сопруга Билјана денеска го слават полнолетството на нивната ќерка Ива која полни 18 години. Голем број познати личности дојдоа да прослават во српската престолнина, а меѓу првите се појави водителката Драгана Катиќ која блесна во виолетова тоалета.

Ацо и неговата сопруга ги пречекаа гостите, а тие беа специјално дотерани за оваа пригода. На прославата дошле и поранешниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ и неговата сопруга, пејачката Сузана Јовановиќ, кои се возеле во „бесен автомобил“.

Пејачката Ана Бекута блесна во новото издание, па многумина не ја препознаа на прв поглед, а новата фризура и необичниот фустан одлично и прилегаа.

Таму беше и фолкерката Снежана Ѓуришиќ, која беше во деколтиран фустан, и дојде рака под рака со нејзиниот партнер Вања Милошевиќ. Политичарот Ивица Дачиќ, фолкерот Аца Лукас и многу други ја зголемија радоста, а сите фотографии од сцената можете да ги погледнете во галеријата пред вас.