👁️  5150

Спортот е единствен и најдобар амбасадор на Македонија во светот а денес со нас е битолчанецот Ристо Димитров, нескромно ќе кажеме, успешен амбасадор на Македонија во Оман, борец и фитнес тренер кој моментално е на одмор во Македонија.

АНАЛИТИКУМ: Успесите се бројни а твојата работа тоа го потврдуваат каде се вашите почетоци и што ве определи во вашиот живот да се занимавате со ова, кажете нешто повеќе за себе?

Прво здраво, поздрав до вашите читатели и поздрав до вас, благодарам за поканата.
Со спорт се занимавам цел мој живот, во нашиот град почнав со карате на 7 години, продолжив со кик бокс и бокс кај сега починатиот мајстор Златко Неделковски и исто одев во Бокс Клуб “ПЕЛИСТЕР” напоредно тренирав борење, Џудо и Џиу Џицу за да завршам во професионалниот спорт и тоа во неколку боречки вештини и неколку професионални трки.

Одсекогаш сум ги сакал боречките спортови, 2017 за прв пат пробав и трка со препреки наречена Спартанска Трка и буквално се заљубив, од 400 натрварувачи завршив 4то место и од тогаш не застанав.

АНАЛИТИКУМ: Како го исполнувате вашето секојдневие односно како изгледа еден ваш вообичаен ден?

Работа и тренинг, и секако квалитетно време со семејството.
Пред неполн месец отворив спортски центар во Мускат, Султанатот Оман каде поминувам по 17 саати на ден како Генерален Менаџер и главен тренер, плус одржувам многу приватни тренинзи и секако тренинзи за мене па денот прилично ми е пополнет, започнувам со работа во 5 утрото кога отвора салата и некогаш завршувам 10 навечер.

АНАЛИТИКУМ: Важите за еден од најдобрите фитнес тренери за тоа пишуваше и еден светски магазин, често присутен сте и на Оманските медиуми и семинари, дали сето тоа ве прави горди?

Секако дека ме прави горд, да те прогласат од милиони тренери по светот во Топ 5 тоа е огромно достигнување, за мене ама и за нашиот град и држава, многу немаат слушнато за Македонија и јас се погрижив да слушнат и дознаат каде се наоѓа.
Со мојата работа се најдов на страниците на многу пишани и електронски медиуми со што го промовиравме Оманскиот и Македонскиот спорт насекаде низ светот, што ме прави уште погорд.

АНАЛИТИКУМ: Кои се вашите предизвици со кои се соочувате во изминатиот период и како влиаеше КОВИД пандемијата на вашата работа?

Пандемијата уствари за мене беше пресврт во мојата работа, работев за една светска Компанија наречена  UFC GYM и за време на пандемијата дојдов до идеа за моја компанија и друг пристап ко фитнесот, ја напуштив компанијата, отворив моја компанија, ја направив првата мобилна теретана во Оман во време кога сите сали веке беа затворени ние одевме во домовите и ги трениравме лугето со наша опрема, принципот беше тренирај секаде, без потреба од теретана, теретаната ке дојди кај тебе со се тренер и направивме БУМ !!!! Бевме повеке од успешни, постанавме партнери на многу компании и сега сме една од најуспешните компании, плодот на сево ова беше отворањето на спортскио центар “ЛУПУС ЏИМ”

АНАЛИТИКУМ: Ваше согледување за спортот во Оман каде што работите и во нашата држава?

Спортот во Оман е сеуште во развој, придонесовме за развој и популаризација на боречките спортови, испишавме историја во неколку каде јас и моите ученици за прв пат учествувавме на некои натпреварувања и за прв пат во Оманската спортска историја донесовме медали за што и бевме примани и од Министерот за спорт на Оман.
Нашата држава е полна со талентирани деца кои за жал немаат ни минимални услови за тренинг.
Штета голема е што нашите таленти одат странство за да бидат ценети, да сака државата во соработка со успешни приватни компании можиже да бидиме на светската спортска мапа, спортот е најголем амбасадор и промотор, преку спортистите може да се слушни за градот, државата и компаниите, како спонзори на успешна приказна во европа и светот.

АНАЛИТИКУМ: Дали доволно сте испочитувани од нашата држава и од градот од каде што потекнувате?

Лугето низ градот можам да кажам стварно ме испочитуваа, можам да кажам дека сојузот на спортови никогаш не ме заборави и секогаш ги вреднувал и признавал моите успеси, затоа голема благодарност до Мајсторот Ѓуро Илиќ и Претседателот Димче Миновски.
За политичарите, градот можам да кажам само поранешниот Градоначалник Владимир Талески (поздрав и до него) стварно застана зад нас и сите наши натреварувања финансиски и логистички, нашата сала која ја користиме до ден денес е со негова помош, за другите несакам да коментирам.

АНАЛИТИКУМ: Дали освен фитнес препорачувате и диети или насоки во исхраната?

Секако, тоа е дел од нашите пакети, завршивме неколку курсеви и семинари од врвни фитнес компании од САД и Велика Британија, исхраната има голем дел во резултатите на нашите клиенти, секој успех е 80% исхрана, 20% тренинг.
Во зависност која е целта на нашите клиенти (губење телесна тежина, топење одреден процент на телесни масти, градење мускулна маса или пак припрема за одреден спорт) па според тоа изработуваме програма за исхрана за периодот на тренинг или припреми.

АНАЛИТИКУМ: Што би промениле во нашето опшество и кај луѓето?

Кога би можел би ја променил свеста на лугето, да се ориентираат кон спорт и спортски активности, да го сакаат спортот а со тоа ке има и вложување во спортот, јас на пример бев помогнат од луѓе кои го сакаат спортот, како сопственикот на Слаткарниците “СТЕЛА” кој цел свој живот тренира и многу пати не помогнал, мене како спортист и нашиот клуб.
Кога сите би размислувале така ке имаме поздрава, успешна младина позната секаде низ светот и достојно ќе не претставува.

АНАЛИТИКУМ: Каде може да ве контактираат луѓето?

Можат слободно да ми пишат на Фејсбук Risto Dimitrov Churino или инстаграм Risto Dimitrov MMA, за се што треба секогаш сум тука.

АНАЛИТИКУМ: Какви се понатамошните ваши планови?

Сега за сега продолжуваме со развој на новата сала и припрема за рушење на рекорд, каде ке трчам 300км на различен терен (град, пустина, планина) со различни надморски височини и препреки, нешто кое не е направено до сега, за друго здравје господ ке видиме.

АНАЛИТИКУМ: Што ќе им порачате на нашите читатели?

Спортовајте, хранете се правилнo и читајте Аналитикум.
Поздрав до сите.