👁️  117

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, загинаа 53 новинари и медиумски работници, покажуваат најновите податоци објавени денеска од Комитетот за заштита на новинарите (CJP).

Според невладината организација  со седиште во Њујорк, што го следи бројот на загинати во Израел, Појасот Газа и либанската граница, 46 од загинатите се Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци.

Тие бројки вклучуваат двајца новинари од проиранскиот либански телевизиски канал Ал Мајадин, кои беа убиени денеска во израелски напади во јужен Либан, во близина на границата со Израел, соопштија либанските власти.

Според таа организација, од почетокот на конфликтот, 11 новинари се ранети, а тројца исчезнале.  (МИА)5