👁️  32.104

На веб страницата на германската Амбасада може да аплицирате за термин за германска виза- општи работници. Термините се доделуваат секој месец по пат на лотарија.

За да аплицирате потребно е само ваши податоци, останатите потребни документи можете и одкако ќе добиете термин да ги доставите. За тоа каде и како да аплицирате, дали сте извлечени и многу други информации имате на единствената фејсбук група за германски визи – погледнете овде КАКО ДО БРЗ ТЕРМИН ЗА ВИЗА И РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА СО ВАШЕТО ФАКУЛТЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ или Средно Стручно училиште: За да можете да аплицирате за брз термин како стручен кадар потребно е најпрво да проверите дали вашето училиште/ факултет е признато во Германија. За признато важи следното правило: Vergleichbarkeit: Hochschule H + und Abschluss: entspricht потоа поднесете барање за целосно или делумно признавање на вашата диплома во ZAB постапка која обично трае од 2 до 6 месеци, или за поедноставно може да ги контактирате „КОНТЕКСТ“ тие ќе се погрижат и ќе ве поддржат за лесно да ги надминете сите административни работи, повеќе може да погледнете –ТУКА.

Откако ќе ви биде одобрено потребно е да ги подгответе сите потребни документи кои Германската Амбасада во Македонија ги бара (договор за работа, пополнат формулар, документот за признавање на диплома што ќе ви биде издаден и др)- ги имате на веб страната на германската Амбасада.

Откако ќе ги имате потребните документи потребно е да аплицирате за брз термин кој обично трае 1-2 недели, за некои професии потребно е дополнителен сертификат за познавање на германски јазик, за Медицинари (Доктори, Фармацевти, Ветеринар) потребно е сертификат за стручен германски јазик Ц1 ниво кој што се полага во германските комори на тие професии и не е со иста тежина но и не е поврзан со нивото Ц1 што го полагаат професорите по германски јазик.

Горенаведеното е во кратки црти опишано што треба да направите да добиете Брз термин за добивање на виза за стручен кадар. Платите се движат за високо образование во Германија од 2500 до 4000€ бруто и повеќе.

Да не заборавиме апликантите за стручен кадар можат да направат директно припојување на семејството! Сите чекори, линкови и начинот на кој може да аплицирате го имате на следната фејсбук група:

https://www.facebook.com/groups/527688938072395/