👁️  16.242

Од архивата на битолскиот хроничар Стефан Чекутков -СТАРИ БИТОЛЧАНИ за Аналитикум.

Во мојата Школска книшка единствени и тоа неоправдани изостанци ми беа оние поради бегање од час за гледање на некој фудбалски натпревар. Тоа е единственото нешто за што сум ја „УСТРАМИЛ МОЈАТА МАЈКА“. После секој РОДИТЕЛСКИ СОСТАНОК ќе дојдеше устрамена. Ќе ми речеше: „Оценките ти се солидни, но зошто бегаш од часови“, јас ќе ја наведнев главата и ќе ќутев. Подоцна кога студирав и кога ќе се потсетевме на тие моменти од моето детство ќе ми признаеше, дека ме разбираше, знаеше дека „ТОА Е ПОСИЛНО ОД МОЈАТА ДЕТСКА СОВЕСТ“.

НАЈДОБАР БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР И НАЈДОБАР БИТОЛСКИ ФУДБАЛСКИ ТИМ НА СИТЕ ВРЕМИЊА?

Во минатото во Битола доминираа три спортски дисциплини: ФУДБАЛОТ, РАКОМЕТОТ и БОКСОТ. Сигурен сум дека повекето Битолчани ќе се сложат со моето мислење односно тврдење дека: Најдобар битолски РАКОМЕТАР на сите времиња е ФЕНОМЕНАЛНИОТ МАЃИОНИЧАР НА РАКОМЕТНАТА ИГРА ПЕЦЕ ДИМИТРОВСКИ, а најдобар битолски БОКСЕР на сите времина е ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏЕНТЛЕМЕН НА РИНГОТ ТРИФУНЧЕ РОБЕВ. Меѓутоа, денес ФУДБАЛОТ во Битола е во голема криза и тоа тешко ми паѓа. Во детството, фудбалот ми беше слабост. По цел ден играв фудбал, но и ги пратев фудбалските и другите спортски збиднувања во Битола, Македонија, Југославија и Светот.

Омилени спортски весници ми беа: „ ТЕМПО “, „ СПОРТ “ и „ ФУДБАЛ “ кои редовно ги купував и читав. Тоа ми овозможи да имам солидни познавања за фудбалот, но и за останатите спортски дисциплини на локално, но и на Светско ниво. Да се каже кој е НАЈДОБАР БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА и да се состави НАЈДОБРИОТ БИТОЛСКИ ФУДБАЛСКИ ТИМ НА СИТЕ ВРЕМИЊА Е ПОВЕЌЕ ОД ТЕШКА односно НЕБЛАГОДАРНА ЗАДАЧА. Имено, повеќе пати се имам обидено и секогаш на крајот сум незадоволен од својот избор. МОЈОТА КОНЕЧНА ОДЛУКА гласи: ЈАС ТОА НЕ МОЖАМ ДА ГО НАПРАВАМ. Поради овој ФАКТ одлучив, тоа да го препуштам на некој од почитуваните љубители на Битолскиот фудбал, „ако можи и ако сака“ тоа нека го направи.

ФК ПЕЛИСТЕР 1982/83год.
Стојат: Луковчан, Чосич, Герасимов, Канатларовски, Наџи, Блажич
Клечат: Ристевски(К), Хусеин, Китановски, Настевски, Мијович
  • ГОЛМАНИ: Т. ЃОРГИЕВСКИ -ДОЛЕ, БРАЦО, БЕЛОЦРКВЕНЕЦ, В. МИЦЕВСКИ -КЕБАПОТ, Т. ДИМИТРОВСКИ -ТАРЗАНОТ, Б. ДУКОВСКИ, К. ВЕЛКОВ, ЛУКОВЧАН, П. МИЛОШЕВСКИ, ПАЧОВСКИ, Д. ДИМИТРОВСКИ, СЛАВКОВСКИ…
Голман на ФК Пелистер
Светислав
  • ДЕСЕН БЕК: Б. ВАСИЛЕВСКИ, Ц. ГРБЕВСКИ, Љ. ЛАМЧЕВСКИ, К. ГРОЗДАНОВ, СТАВРЕВСКИ…
Екипата на Фк Пелистер на гостување во Сплит во воен авион , против Хајдук во 1990 год.
Хајдук – Пелистер 1:1 од Купот на Југославија
  • ЛЕВИ БЕК: ФИЛИПОВСКИ, ИЉОСКИ, СЛАВЕ САЛЦЕТО, РАМАДАНОВ, ГЕРАСИМОВ, ТАШКОВ -ПЕЛЕ, А. ВАСИЛЕВСКИ…
ФК ПЕЛИСТЕР 1989 година
  • ДЕСЕН ХАЛФ: ДИМОВСКИ ( БУЈУКОТ-СТАРИОТ ), Б. ТАСЕВСКИ, Н. БОГОЕВСКИ, Д.КАНАТЛАРОВСКИ, М. СТОЈКОВСКИ…
Подмладокот на ФК ПЕЛИСТЕР 1973-1974 година
  • ЦЕНТАР ХАЛФ: Т. ПЕТРОВСКИ -ТОТО, БОШАЛЕВСКИ, Б. ПЕТРЕВСКИ – КАЛИНО, НИНИЌ, НАЏИ, ГОЧЕВСКИ, СОКОЛОВ, МИТРЕВСКИ – СЛАМКАТА…
  • ЛЕВИ ХАЛФ: К. ИВАНОВСКИ, МИРЧЕВСКИ,Т. ДИМИТРОВСКИ, И. АЛТИПАРМАКОВ, Б. ДИМЧЕВСКИ, Н. НОВЕСКИ, ЦВЕТКОВСКИ…
  • ДЕСНО КРИЛО: Б. БОЖИНОВСКИ, Т. ГОРГИЕВ -ТОЦИ, С. РИСТЕВСКИ…
  • ДЕСНА ПОЛУТКА: Н. БУТЕВСКИ, ХУСЕИН-ЏАТЕ, Т. ТРАЈАНОВСКИ, К. БАЉАРОВСКИ, Б. ПРЕСИЛСКИ,Т.МИЦЕВСКИ, СПИРОВСКИ, ТРИСТОВСКИ -ДИЧКО…
  • ЦЕНТАФОР: П. ШУЛИНЧЕВСКИ, К. ЗАРОВ, С. СТОЈАНОВИЌ, ПОПНИКОЛОВ -БУЉАТА, П. ГРОЗДАНОВ, СТАНИЌ, П. ДИМИТРОВСКИ, Б. КИТАНОВСКИ, Г. ХРИСТОВ, В. ВАСИЛЕВ-ЦИЛЕТО, МИЦЕВСКИ -ГРКОТ…
  • ЛЕВА ПОЛУТКА: БОЖИЌ, ШАИНОВСКИ,ЧИК, М. ТАНЕВСКИ, П. ХРИСТОВ, З. НАСТЕВСКИ, С. ЧИРИЌ, П. ГОРГИЕВСКИ, Н. ЉАМЧЕВСКИ, Џ.ДИМОВСКИ – БУЈУКОТ…
  • ЛЕВО КРИЛО: П. АТАНАСОВСКИ, З. ЦРНЕЦ, СУЛЕЈМАНОВ, П. УПАЛЕВСКИ, Р. ГОРГИЕВСКИ-ЦИЗДАТА, САВЕВСКИ, МИЈОВИЌ, М. ПЕТРОВ…


УКАЖУВАЊЕ: Се трудев, колку можев, имињата на повеќето фудбалери да добијат редослед според временскиот период на настап (не според квалитет ), за некоја од погоре именуваните Битолски фудбалски екипи. Свесен сум дека свое место во овој мој фудбалски пост заслужуваат и многу други момчиња, но ќе потенцирам дека ништо не е намерно или поради некаков каприц, едноставно во тој момент не се сетив на нивното име. Поради тој факт секое: ДОПОЛНУВАЊЕ или ДОБРОНАМЕРНА КРИТИКА, со задоволство ќе ги прифатам.

Автор: СТЕФАН ЧЕКУТКОВ