Од денес понеделник околу две недели е отворена листата за апликација за германска виза општи работници. Доколку сакате да аплицирате потребно е да имате пасош со важечки датум. Податоци кои треба да ги пополните при апликација:

– Презиме- Име- Е-маил

– Е-маилот го пишувате повторно

– Број на пасош

– Матичен број

– кодот бројки и букви даден на сликата


После апликација ќе добиете е- маил со потврда на вашата апликација – референтен број.

Доколку бидете извлечени и ви биде доделен термин за виза ќе добиете е- маил до крајот на месецот со потврда на вашиот термин.

Директен линк аплицирање ОВДЕ.

Доколку имате веќе термин или поседувате ЕУ пасош или пак сакате да ја промените работата од која не сте задоволни во Германија, за сето тоа може да се погрижи агенцијата Контекст. За да ја контактирате агенцијата Контекст само пишетего вашето прашање/барање до агенцијата на следниот е-маил: vrabotuvanje@kontext.mk

Напомена: За апликација за виза не е потребно претходно да имате работен договор! Тоа може да го направите заедно со останатите докоменти доколку бидете извлечени за термин за виза. Тимот на Аналитикум.мк ви посакува многу среќа при аплицирањето.