👁️  1755

На видеото што кружи на социјалните мрежи, може да се види како руски војник дреме додека украински дрон му лета над главата, снимајќи го теренот.

Одморот на војникот наскоро се прекинува кога беспилотно летало фрла нешто што личи на рачно изработена бомба во дупката каде што спие војникот. Но, по некое чудо, тој очигледно го преживеал нападот.

Поголемиот дел од шрапнелите се чини дека го прелетале, иако најверојатно експлозијата била толку силна што му го оштетила слухот, по што веројатно останал трајно глув.

Војникот, очигледно целосно буден, потоа толку брзо истрчал од дупката што го остави оружјето зад себе.

Потоа во кадарот се гледа само нередот по нападот со дрон, но рускиот војник повеќе го нема. Според потписот на видеото, се верува дека дронот бил управуван од украинската 128. планинска нападна бригада.