👁️  12

Фудбалска Македонија денеска слави 30 години од првиот официјален натпревар во Крањ и историскиот прв триумф на нашата фудбалска репрезентација против Словенија каде ја совладавме со 4-1.

Капитенот Енис Барди и селекторот Благоја Милевски, во име на ФФМ, му подарија дрес од фудбалската репрезентација на Роберт Спасовски кој тој историски момент за македонскиот фудбал во Крањ го овековечи преку својот објектив, а истовремено денеска го прославува и својот роденден.