Германската амбасада во Македонија со објава за јубилејната 30 години германско – македонска соработка
Објавата ви ја пренесуваме во целост:
,,Оваа година одбележуваме 30 години германско-македонска соработка.
Јубилеите се можност за навраќање кон минатото и поглед кон иднината.
Вчера, ГИЗ и КфВ заедно организираа патување за новинари од македонски медиуми со цел да се прикажат дел од успешните приказни на овие две германски организации активни во Македонија. Новинарите имаа можност да слушнат за резултатите од германската развојна соработка во државата преку зборовите на локалните носители на промени, партнерите со кои овие организации заедно спроведуваат различни проекти.

За време на патувањето го посетивме паркот со ветерници во Богданци поддржан од КфВ, а во винарницата Тиквеш се одржа панел дискусија на темата рурален развој. На панелот учествуваат претставници од Националната мрежа за рурален развој, Slow Food Macedonia, Националната федерација на фармери и Винарницата Тиквеш во соработка со Вина на Македонија.
Во своето поздравно обраќање во автобусот, Н.Е. Анке Гизеле Холштајн, Германската амбасадорка во Македонија, ги поздрави новинарите и заклучи: „Имаме постигнато многу заеднички во изминатите 30 години. И за тоа би сакала да им се заблагодарам на македонските партнери. Да продолжиме да градиме мостови меѓу двете држави во сите сфери на општеството.”