👁️  621

Овој човек со големо срце се вика Бојан Марчета и работи како келнер во хотелот „Јелена“ во Бања Лука. Тој реши да им подари подарок на најмладите храбри срца за својот 40-ти роденден, па својата четиригодишна заштеда ја уплати на сметката на Здружението на родители на деца заболени од малигни заболувања „Искра“.

Овој необичен штедач со години собира ситни пари, главно пет фенига, сакајќи да им покаже на сите дека луѓето грешат кога не земаат кусур и го сметаат за безвреден.

Пред четири години Бојан собра 7.400 монети од по пет фенига и ги исплати ратите за кредитот. Овој пат отиде чекор понатаму и собра 20.000 монети.

Бојан не беше гален од животот. Откако дошол во Бања Лука во воениот виор од родниот Дрвар, како и сите бегалци, почнал од почеток.

Пред пет години ја загуби сопругата и во спомен на неа и нејзината борба со злобната болест, на најмладите борци им ја уплати заштедата од околу 54 килограми.

„Моето мото во животот е да им помагам на другите, не знам на друг начин.

Сите треба да го видат овој човек