👁️  145

Енер Валенсија постигна два гола на воведниот натпревар на Светското првенство во Катар. Така, фудбалерот ги постигна последните 5 гола за својата репрезентација на голем форум.

Фудбалерот на Фенербахче ги постигна сите три гола за Еквадор на Светското првенство во 2014 година, а сега додаде уште 2 на својот резултат.

Така, Валенсија станува само четвртиот играч со вакво достигнување во историјата на светските првенства.

Еузебио постигна 5 гола во низа за Португалија во 1966 година, Паоло Роси за Италија во 1982 година и Олег Саленко за Русија во 1994 година.