👁️  12

18+ манекенката Клои Л’Амур има јасни правила за мажите со кои излегува. Најважно е што мора да заработуваат минимум 190 илјади евра годишно (околу 16.000 евра месечно), во спротивно Клои не ги ни зема во предвид.

Таа вели дека тоа е цифрата што ја заработува од креирањето содржини на социјалните мрежи, па истата заработка ја очекува и од партнерот.

„Не потекнувам од богато семејство, мене и сестра ми не’ одгледа самохрана мајка. Затоа ми е важно мажот да има соодветна плата“, вели таа.

Покрај платата, вели, ѝ се важни и емоционалната интелигенција, хигиената и дека нејзиниот партнер треба добро да се бакнува. Мора да биде и искрен и не смее да се забавува и да излегува премногу. Таа додаде дека бара некој кој е „самоуверен, независен, паметен, смешен, мотивиран, разбирлив, неосудувачки, сексуално искусен и некој кој е подготвен да учи од неа“.