Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци (18 години) се појави вечерва во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и слободно може да се каже дека го шокираше цел регион.
Младата пејачка се појави на грандиозната сцена во веројатно досега невидено (за овие простори) издание и со својата појава никого не остави рамнодушен.
Младата кавадарчанка се пофали дека за нејзиното издание вечерва се погрижила дизајнерката Боркица Квин од Кавадарци.
Трајков за својот настап доби четири гласа и обезбеди место во баражот, но не толку се коментираше нејзиното пеење колку нејзиниот екстравагантен изглед.