👁️  4380

Страшна трагедија се случила вчера наутро во селото Велика Обарска кај Бијелина во Република Српска, каде малолетно девојче си го одзело животот, објавуваат босанските медиуми.

Од Оперативниот центар на Полициската управа Бијелина за порталот „Аваз“ потврдија дека самоубиството било извршено со пушка.

– Со истрел од ловечка пушка во семејниот дом се самоубила 16-годишна девојка од селото Велика Обарска. Засега нема информации за мотивот на овој трагичен настан, објавија локалните медиуми.

Несреќната малолетничка имала само 16 години.